Судот му изрекол помала казна на Цуфи Кока зашто го признал делото, а бил и женет и вработен

3 mins read

Активистот на Алијанса за Албанците кој пукаше од пиштол кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестите против францускиот предлог, Исуф Енези, познат како Цуфи Кока, пред судот признал вика и кажал дека демонстрантите ден пред инцидентот му ги искршиле стаклата на возилата и хотелот, а дента кога се случи инцидентот, фрлале кон него и други луѓе на плоштадот, објави „Фокус“.

Од Кривичниот суд објаснуваат дека Кока, на судското рочиште на кое пред два дена беше осуден на четири месеци затвор, ја признал вината.

„При одредување на видот и одмерување на висината на казната, судот ги имаше во предвид сите околности од чл.39 од КЗ, кои се од влијание за индивидуализација на санкцијата“, објаснуваат од судот за „Фокус“ околу казната, со оглед на тоа дека на Кока му беше изречена неколкупати поблага казна од законскиот минимум за ова дело (една до пет години затвор).

Од судот велат дека како олеснителни околности се ценеле личните прилики на обвинетиот:

„Пред сѐ неговата возраст, тоа што тој е млада личност роден 1982 година, воедно ги ценеше и материјалната и социјалната положба на обвинетиот, околноста дека тој е вработен, женет, и татко на две деца, а особено ги имаше предвид околностите дека обвинетиот во целост го призна сторувањето на кривичното дело, со што придонесе до побрзо и поефикасно завршување на постапката, околноста дека обвинетиот досега е неосудуван, дека против обвинетиот не се води постапка за друго кривично дело, дека обвинетиот изрази каење за стореното кривично дело и неговото коректно однесување во текот на постапката, велат од Кривичен за „Фокус“.

Кока пред судот го признал кривичното дело и кажал дека претходниот ден, пред инцидентот, демонстрантите му ги искршиле возилата на паркингот пред неговиот хотел „Де Кока“, а биле и скршени стаклата од предната врата од хотелот.

Тој лично видел како демонстрантите ги искршиле со бекатон плочки, чекани и стаклени шишиња, тврдел Кока.

Тој вели и дека наредниот ден бил на работа, и видел дека истите лица од протестот почнале да фрлаат по сите луѓе на плоштадот, почнале да се приближуваат да влезат накај Чаршијата, тоа се гледало и на камерите – дека биле многу луѓе, во рацете имале молотови коктели, бекатон плочки, шишиња, и почнале да фрлаат према секој човек што бил таму, а фрлале и према хотелот и кон него.

На денот на протестите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави слика од Кока со пиштолот и тврдеше дека тоа лице имало намера да го убие.

Инаку, Цуфи Кока е член на Алијанса на Албанците и брат на сега веќе поранешниот в.д. директорот на „Комунална хигиена“, Зуди Енузи, кој по инцидентот беше разрешен од градоначалничката Данела Арсовска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓорческа во полуфиналето на ИТФ турнирот во Оломуц

Следно

Во Истанбул потпишан Договор за извоз на украинското жито

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian