Денеска, во општина Гази Баба, започнаа градежните активности за изградба на седум нови игралишта. Според планот за работа на општината, предвидено е пет од игралишта да бидат со тартан подлога, а останатите две игралишта да бидат со вештачка трева.
Петте игралишта кои ќе се градат со најсовремена тартан подлога ќе бидат во Колонија, Кирил Петрушевски, Гоце Делчев, Триангла и Керамидница. Додека пак, двете игралишта кои се со подлога од вештачка трева ќе бидат изградени во Стајковци и Страчинци.