Сагата продолжува: Амбер Херд ќе поднесе жалба, не сака да му плати на Деп 10 милиони долари

2 mins read

Амбер Херд поднела жалба на пресудата со која ѝ се наложува да му плати на поранешниот сопруг Џони Деп 10 милиони долари отштета во тужба за клевета, пишува „New York Post“. Нејзиниот тим тврди дека судот направил грешки што спречиле правична пресуда според Првиот амандман.

Адвокатите на Амбер поднеле известување истакнувајќи дека имаат „намера за жалба“ во четвртокот во округот Ферфакс, Вирџинија. Актерката ќе поднесе жалба на пресудата на одлуката по судењето и на „сите дополнителни наредби и одлуки на основниот суд“, се вели во соопштението. Нејзините адвокати имаат рок до 4 септември да поднесат жалба во која ќе ги изнесат своите аргументи.

амбер херд
Амбер Херд и нејзиниот адвокатски тим / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Инаку, жалбата на Амбер доаѓа откако судот го одби нејзиното барање за ново судење по повеќе основи, вклучително и дека еден од поротниците се претставувал лажно.

Во изјавата во четвртокот, нејзиниот тим рече дека верува дека „судот направил грешки што спречиле правична пресуда во согласност со Првиот амандман.

„Затоа поднесуваме жалби. Иако разбираме дека денешната жалба ќе го запали Твитер, мораме да преземеме чекори за да обезбедиме правичност и правда“, рекоа претставниците на Херд.

Камила Васкез
Џони Деп и неговата адвокатка Камила Васкез / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Од страната на Деп, пак, изразија силна доверба во пресудата.

„Поротата сослуша обемни докази презентирани во текот на шестнеделното судење и донесе јасна и едногласна пресуда дека обвинетата во повеќе наврати го клеветела г-дин Деп. Сè уште сме уверени во нашиот случај и дека оваа пресуда ќе остане“, изјави портпаролот на Џони.

По завршувањето на судењето, Џони се врати на актерството. Тој треба да го отелотвори кралот Луј XV во францускиот филм „La Favorit“, кој исто така ќе се снима во палатата во Версај.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Младите кошаркари не обезбедија полуфинале на ЕП

Следно

Еврокомисијата ја тужи Велика Британија поради наводно кршење на договорот за Брегзит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian