Ретрограден Јупитер (28.07-23.11): Бидете вниматели, многу планови може да тргнат наопаку

4 mins read

Ретроградниот Јупитер започнува со Овен, па можно е да ве поттикне да ги преминете границите, да се борите и покрај препреките кои ќе се појават на патот. Ова понекогаш може да биде исцрпувачко, но во исто време може да ве научи на трпение. Последните четири недели од ратроградното движење на Јупитер во 2022 година, планетата преминува во Риби.

Планетата на изобилството и среќата – Јупитер ја започнува својата ретроградна фаза на 28 јули, односно почнува да се движи наназад. Овој аспект може негативно да се одрази, бидејќи ретроградниот Јупитер е поврзан со застој во растот, одложување на плановите и сомнително среќни околности.

Јупитер е планета на проширување, ги поттикнува најдобрите квалитети на карактерот, го зголемува чувството за дарежливост, носи смеа и радост, дејствува на раст, подобрувања и победи. Оваа планета дефинитивно најмногу се поврзува со среќата, но што ќе се промени кога ќе започне ретроградното движење?

За време на ретроградното движење на Јупитер мораме да сфатиме кои следни потези и чекори ќе ги преземеме. Оваа енергија нема да ни биде туѓа и непозната, бидејќи Јупитер се движи ретроградно приближно на секои 9 месеци. Многу работи нема да ве изненадат, но ќе сфатите дека овој период на стагнација може да биде важен и поучен за вас.

Јупитер ќе премине во знакот Риби, па астролозите истакнуваат дека треба да размислувате за работата, среќата, имотот и финансиите.

Денот кога Јупитер се чини дека „стои“ на небото, непосредно пред да ја промени насоката и да тргне во ретроградна насока, е 28 јули 2022 година. Јупитер овој ден е во огнениот Овен, ќе бидеме импулсивни и склони кон неверојатно брзи промени. Истиот ден нè очекува Младата Месечина во знакот Лав, чија енергија симболизира нов почеток, подобра комуникација и среќни прилики.

Кога ќе се измешаат овие две енергии, можно е да знаеме на која врата да тропнеме, од каде да почнеме, што да смениме.

Јупитер ќе се движи ретроградно од 28.7. до 23 ноември и може да донесе слични околности и поуки од периодот кога Јупитер беше во сенка, односно од 4 мај до 28 јули. Лекциите што ги паметите може да бидат важни во соочувањето со предизвиците што претстојат.

Ретроградната фаза на Јупитер ќе заврши на 23 ноември 2022 година, кога планетата на изобилството ќе се движи директно. Постретроградната сенка ќе трае до Денот на вљубените, 2023 година, давајќи ни шанса за пресврт.

Ако не сте биле успешни со барање за работа или нова фитнес рутина за време на ретроградниот период, сега е време да се обидете повторно, да ги искористите можностите и да започнете проток на добри промени. Влијанието на Јупитер може да биде возбудливо и се однесува на сè што има тенденција да расте и да се развива – од учење, материјални работи, до развој на љубовни врски.

Ретроградните месеци на Јупитер во 2022 година можат или да го забават вашиот пат кон успехот или целосно да го променат, а дефинитивно се препорачува претпазливост. Внимавајте да не погрешите, да не донесете избрзана одлука или да усвоите некои лоши навики.

Не само што Рибите се посмирени и потрпеливи и поприфатливи од Овенот, туку во традиционалната астрологија Јупитер е владетел на знакот Риби. Во Риби, Јупитер ќе нè натера да се чувствуваме како дома и тогаш можете да разберете зошто се случиле некои предизвици, што се променило, колку сте научиле.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лаказет е невиден малер: Го искасале пчели додека бил на пеинтбол

Следно

Муслиу: Вторникот беше историски ден, но остана лош вкус поради задолжителните уставни измени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian