Референдум за преговарачката рамка – фарса или реална потреба

2 mins read

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа едногласно и во целост ја прифати иницијативата за референдум и народно изјаснување „во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација на Македонија“.

Од опозициската партија најавија широки консултации за референдумот кој треба да следи, како и за формулацијата на референдумското прашање по што очекуваат тој да се спроведе.

– Референдумот е начин да се чуе гласот на народот и од власта која е предавничка и од претставниците на ЕУ. Македонскиот народ сака да влезе во ЕУ, но под услови какви што важеле за сите претходно. Протоколот кој е дел од преговарачката рамка ја негира македонската посебност, македонскиот јазик и историја. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи бугаризација на државата. Народот нема да дозволи бугаризација, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

На оваа иницијатива за референдум реагираше владејачката СДСМ според која „очигледно е дека само Мицкоски е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ“.

-Очигледно проф.др. Христијан Мицкоски е толку сестрана и комплексна личност што може самиот тој да биде единствен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно и негов претседател. Значи претседателот на ИК Мицкоски предлага нешто, на пример дека треба да се одржи референдум, ама се уште не знае како треба да гласи прашањето, па членот на ИК Мицкоски едногласно го поддржува предлогот. Тоa е демократијата во Белата плата, соопштија утрово од СДСМ.

Според нив седниците на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се најобична фарса, каде „ништо не се одлучува, само се исполнуваат желбите на Мицкоски“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пристигна топлотниот бран „Луцифер“: Како да се заштитите на пеколните горештини?

Следно

Лаутербах предупреди на нов „катастрофален“ бран на Ковид-19 во Германија без потребните мерки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian