Пристигна топлотниот бран „Луцифер“: Како да се заштитите на пеколните горештини?

4 mins read

Европа ја зафати жесток топлотен бран, при што температурите соборија нови рекорди во многу земји оваа недела – што може да доведе до илјадници смртни случаи.

Топлотниот бран „Луцифер“ што ја зафати западна Европа во понеделникот и вторникот следеше по неколкудневните интензивни временски услови на Пиринејскиот Полуостров, каде стотици веќе починаа од екстремни горештини кои експертите велат дека се предизвикани од климатските промени.

Британската метеоролошка служба го издаде своето прво црвено предупредување за екстремни горештини во Англија – што укажува на „опасност по животот“ – со температури кои деновиве достигнаа и до 43 степени Целзиусови.

Во меѓувреме, во Франција температурите исто така надминуваат 40 степени Целзиусови, а на југозападниот дел на земјата илјадници луѓе се евакуирани откако пожарите изгореа повеќе од 10.000 хектари.

Во делови на Белгија е прогласен црвен метеоролошки аларм поради температурите кои достигнуваат 40 степени Целзиусови.

Во делови од Германија можни се температури до 40 степени Целзиусови, а на крајот на работната недела најмногу ќе настрадаат земјите од источна Европа.

Ако има нешто што политичарите сакаат да го избегнат, тоа е повторување на 2003 година, кога топлотниот бран во Европа уби повеќе од 70.000 луѓе. Досега повеќе од 1.000 луѓе загинаа како последица на горештините во Шпанија и Португалија.

Од вчера до недела подрачјето на нашата земја е под влијание на топол бран и во поголем дел е активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40 степени.

Бидејќи топлотниот бран не можеме да го запреме, можеме да се држиме до препораките за да го дочекаме овој и претстојните топлотни бранови со што помалку последици.

Високата температура штетно влијае на здравјето, а најранливи се кардиоваскуларните, респираторните и бубрежно болните. За нив е најважно редовно земање на терапијата.

Стручната препорака е да носиме лесна облека, посветли бои од природен материјал и да главата да ја заштитиме со капи, очила итн.

Доколку се случи лицето да почувствува мачнина, вртоглавица, главоболка и слично, ставете го во ладовина, давајте му ладни пијалаци и ако биде потребно повикајте брза помош.

Проблем претставуваат и премногу големите разлики помеѓу надворешната температура и климатизираните простории. Разликата е обично околу 20, а треба да биде шест до седум степени.

Трудете се да го одржувате вашиот животен простор секогаш разладен. Се препорачува да се одржува собната температура под 32 степени во текот на денот, односно под 24 степени во текот на ноќта.

Совет е да не ги оставате децата и животните во автомобили по никоја цена, дури и на кратко. Се препорачува да се хидрира телото со вода, природни сокови и пијалаци богати со минерали, а да се избегнуваат газирани, алкохолни и кофеински пијалаци како и мрсна и високо калорична храна со висока содржина на шеќер, печено или пржено месо. Внесувајте лесна храна.

Постарите лица не смеат да се изложуваат на сончевото зрачење во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот), особено не постарите срцеви болни, како и заболените од дијабетес. Истото се однесува и за трудниците и бебињата, односно малите деца.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лајлс и Шерика Џексон се светски шампиони на 200 метри

Следно

Референдум за преговарачката рамка – фарса или реална потреба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian