Ѓорческа во полуфиналето на ИТФ турнирот во Оломуц

1 min read

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во Оломуц, Чешка.

Ѓорческа во четвртфиналето, откако во претходната рунда ја елиминира петтата носителка  Болсова, денеска беше подобра од американската тенисерка Ема Наваро совладувајќи ја во два сета.

Македонската тенисерка за 80 минути игра славеше со 6:4,6:2.

Наредна противничка во полуфиналето на ИТФ турнирот во Оломуц ќе и биде Дарија Астакова од Русија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи

Следно

Судот му изрекол помала казна на Цуфи Кока зашто го признал делото, а бил и женет и вработен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian