Официјално: Зинченко е нов фудбалер на Арсенал

1 min read

Украинскиот репрезентативец Олександрр Зинченко од денеска и официјално е нов фудбалер на Арсенал. Зинченко денеска стави параф на четиригодишниот договор со Арсенал, а на „Емирати“ дојде од Манчестер сити во трансфер вреден 30 милиони фунти плус 2 милиони во бонуси.

Украинецот дојде во Арсенал на инсистирање на менаџерот Микел Артета кој добро ги познава квалитетите на Зинченко. Артета две сезони беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.

Гвардиола најчесто го користеше Зинченко на левата бековска позиција, додека Артета го гледа и како дел од средниот ред.

Зинченко пет сезони настапуваше за Манчестер сити, но одигра нешто повеќе од 70 натпревари во Премиер лигата и освои четири титули со „граѓаните“.

Украинецот е втор фудбалер кој летово од Манчестер сити се пресели во Арсенал, претходно пристигна и Габриел Жесус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Реакции по повод потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито

Следно

ФОТО | Том Круз се откажа од ботоксот и филерите и изгледа фантастично

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian