Нови 779 ковид-случаи, четворица починати

1 min read

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.613 тестови, а регистрирани се нови 779 случаи на КОВИД-19: Скопје – 345, Битола – 61, Куманово – 45, Прилеп – 39, Кавадарци – 38, Велес – 32, Струмица – 25, Тетово – 24, Охрид и Кичево – по 23, Штип – 21, Струга, Гевгелија и Неготино – по 14, Ресен и Радовиш – по 8, Гостивар и Крива Паланка – по 7, Демир Хисар – 5, Кочани, Свети Николе и Валандово – по 4, Дебар и Македонски Брод – по 3, Пробиштип и Крушево – по 2, Делчево, Берово, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (779), регистрирани се 173 реинфекции.

Регистрирани сe 477 оздравени пациенти од: Скопје – 243, Битола и Куманово – по 33, Прилеп, Кавадарци и Тетово – по 22, Велес – 19, Струмица – 16, Охрид – 14, Гостивар – 9, Штип – 6, Кичево – 5, Кочани – 4, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод – по 3, Демир Хисар, Берово и Кратово – по 2, Струга, Ресен, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 4 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (80г и 89г) и по едно починато лице од Скопје (68г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зоран Марјановиќ осуден на 40 години затвор за убиството на сопругата, српската пејачка Јелена Марјановиќ

Следно

По цели 70 години во Аргентина се родија првите диви јагуари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian