Неколку активни пожари, гори во беровско, кумановско и штипско

5 mins read

Голем пожар вчера во 13:30 часот ја зафати месноста Каменица во атарот на с.Будинарци, каде се запали нискостеблеста дабова шума. Часови подоцна со помош на хеликоптер на АРМ е спречено ширење на огнот кон боровата шума и е направен обрач околу огнот, информираа од ЦУК.

Според нивните информации првично биле зафатени околу 50 хектари високостеблеста шума, во непристапен планински предел, а постојат индиции и овој пожар да е подметнат. Денеска во гаснењето е вклучен армиски хеликоптер, а се очекува и ер трактор да учествува во справувањето со огнената стихија, додека на терен ќе се вклучат пожарникари од Виница, Струмица, Радовиш и Тетово.

Кумановските пожарникари изминатово деноноќие гаснеле сува трева и стрништа во две одделни села, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Двата пожари се случиле во попладневните часови, првиот во село Јачинце во периодот од 14 до 15:40 часот, а вториот во село Романовце од 18 до 19 часот.

На двата пожари било интервенирано со по едно возило и со двајца, односно четворица пожарникари.

Пожарникарите во текот на вчерашниот ден интервенирале и на пожар на контејнер во центарот на градот.

Во штипското село Долани изгоре свињарска фарма. Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот се случил синоќа во 21.30 часот, а го гаснеле  десет пожарникари со три противпожарни возила.

Изгорени се околу 100 мали свињи, но при интервенцијата спасени се осум мајки свињи и околу 100 мали свињи.

Не се знае која е причината за настанатот пожар. На терен ќе излезат полициски службеници со цел да се утврди како настанал пожарот.

Локализиран пожарот кај Разловци

Во текот на вчерашниот ден пожар на отворен простор избувнал во атарот на с.Разловци на планината Средна, м.в.Ќурчински колиби каде горела сува трева и дабова шума. На терен интервенирале  3 противпожарни единици со едно теренско возило и едно лице од доброволно против пожарно друштво од Делчево, а кон пожарот се упатени и една екипа од 4 шумски работници, соопшти ЦУК.

Денеска овој пожар помеѓу делчевските села Разловци и Тработивиште е локализиран. Повикувајки се на информации од Регионалниот Центар за управување со кризи, портпаролот на Општина Делчево Даниела Такева информираше дека пожарот е изгаснат вчера околу 19:00 часот, а во моментот, како што додава, екипи на Шумско Стопанство ,,Голак” Делчево вршат обиколка на опожареното подрачје, со цел спречување на негово повторно избувнување.

Проценките на Регионалниот центар за управување со кризи се дека е зафатена површина од 40 хектари претежно сува трева, дабова и борова шума, а од Општината најавија дека дополнително ќе се изврши проценка на опожареното подрачје.

Во акцијата за гасење на пожарот вклучени биле над 30 лица, меѓу кои месно население, вработени во ТППЕ Делчево и Шумското стопанство „Голак”, еден пожарникар од Доброволното противпожарно друштво, полициски службеници како и припадници на граничната полиција „Исток”.

Во пожарот е зафатена површина од околу 2-3 хектари сува трева и дабова шума и поради ветерот и сувата трева пожарот се ширел кон борова шума.

Пожари од вторникот

Бранот големи пожари почна во вторникот на 19-ти јули при што голем шумски пожар е регистриран во Горно Блаце место викано Рамна Шума и огнот се движел во правец кон викендиците. За настанатата состојба известени се општина Чучер Сандево и ШС Караџица.

Во исто време помал пожар имало и во Скопје, кој бил изгаснат од противпожарните единици на главниот град, и немало опасност за негово проширување.

Во вторникот пожар избил кај с.Дреново. Од Шумското стопанство ,, Бабуна“ известија дека станува збор за шумски пожар започнувајќи од депонијата во Дреново која се наоѓа помеѓу Дреново и Горно Јаболчиште и е проширен накај патот за Лисец.

Во општина Чашка во понеделникот вечер во 20,05 часот на место викано Плавник, појавен е шумски пожар на отворено каде горело дабова шума. Пожарот бил над селата Ореше и Папрадиште, истиот се наоѓал на непрооден терен и е предизвикан од човечки фактор. Пожарот е изгаснат во вторникот од страна на мештаните.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Внукот на Рики Мартин ги отфрли обвиненијата за инцест: Судијата ја укина забраната за приоѓање

Следно

Кварталните извештаи на компаниите го одржуваа растот на Волстрит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian