Муслиу: Вторникот беше историски ден, но остана горчлив вкус поради задолжителните уставни измени

1 min read

„Историски ден беше во вторникот. Вреди за граѓаните да се каже дека оваа почетна фаза ја има во Албанија. И таму почна скринингот, но лошиот вкус е што за да се почне Втората меѓувладина конференција ни треба консензус на крајот со уставните измени. Не ни треба гласање од Бугарија, но ново вето не е можно. Сепак вкусот не е ист, поради тие процедури што ги започна Бугарија и непринципиелните однесувања на високи бугарски политичари“, рече политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во емисијата „Само вистина“ околу одржувањето на Првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ.

Според него, за нас е важно што го почнавме процесот.

„По мое, во Македонија тоа не е спорно, земајќи го предвид нашиот уставно-правен поредок, за заедниците кои се самоидентификуваат бидат претставени во Уставот“, рече Муслиу и додаде:

„Ние имаме преговарачка рамка и таа не се менува во процесот. Ние сме ја прифатиле и ЕК ја изгласала. Преговорите почнуваат со одржување на Првата меѓувладина конференција. Условно кажано ние и да смениме Уставот после три месеци, пак нема да почнеме со преговори, додека не го завршиме скринингот. Сѐ зависи од него, тоа е поврзано“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Камила расистички коментирала за синот на Меган и Хари: Замислете да има црвена афро фризура!

Следно

Џихадистите ја нападнаа најголемата воена база во Мали

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian