Младите кошаркари не обезбедија полуфинале на ЕП

1 min read

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство до 20 години Б дивизија што се одржува во Грузија откако загуби во првото четвртфинале. Подобри од избраниците на селекторот Никола Василев беа кошаркарите на Естонија кои славеа со 81:59. Хендикеп за Василев претставуваше неиграњето на Андреј Андоноски.

Естонците од првата минута наметнаа свој ритам и првата четвртина ја добија со 20:14, но на стартот од втората четвртина почнаа да промашуваат и им овозможија на избраниците на селекторот Василев да се вратат во игра (24:21). Неколкуте нереализирани напади ги искористија Естонците кои направија мини серија од 5:0, а во последните секунди од првиот дел со тројката на Сурорг заминаа на одмор со двоцифрена предност (43:33).

Добрата игра на Естонија продолжи и во третата четвртина кога ги реши сите дилеми околу победникот откако поведе со 20 поени разлика (60:40).

На крајот Естонија славеше со 81:59 и ќе игра во полуфиналето. арко Миловановиќ беше најпрецизен кај Македонија со 18 поени, Андреј Митревски даде 10 поени. Младите кошаркари викендов ќе разигруваат за пласман од 5 до осмото место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хрватска е во добро друштво, коментар на Пленковиќ на последната одлука на Москва

Следно

Сагата продолжува: Амбер Херд ќе поднесе жалба, не сака да му плати на Деп 10 милиони долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian