Лајлс и Шерика Џексон се светски шампиони на 200 метри

1 min read

Американскиот спринтер Ноа Лајлс триумфира на финалната трка на 200 метри на Светското првенство во атлетика што се одржува во Јуџин, САД.

Лајлс до златнииот медал дојде со време со 19,31 секунди што е нов рекорд на Северна Америка и е само 12 стотинки поспоро време од светскиот рекорд на Усаин Болт.

Лајлс со триумфот во Јуџин, ја одбрани титулата светски шампион во оваа дисциплина.
И останатите два медали ги освоија спринтерите од САД, Кенет Беднарек го освои сребрениот медал со време од 19,77 секунди, додека Ерион Најтон заврши третопласиран со време 19,80 секунди.

Во женска конкуренција, најбрзи беа спринтерките од Јамајка, но изненадувачки златниот медал отиде на градите на Шерика Џексон. Џексон триумфира со време од 21,45 секунди што претставува рекорд на Светските првенства.

На второто место заврши нејзината сонародничка и светска шампионка на 100 метри, Шели-Ен Фрејзер-Прајс која делницата од 200 метри ја истрча за 21,81 секунди.

Бронзата замина на градите на Британката Дина Ашер-Смит која имаше време од 22,02 секунди.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најмалку 18 жртви при полициска рација во сиромашна населба во Рио де Жанеиро

Следно

Пристигна топлотниот бран „Луцифер“: Како да се заштитите на пеколните горештини?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian