Камила расистички коментирала за синот на Меган и Хари: Замислете да има црвена афро фризура!

3 mins read

Принцот Хари (37) и Меган Маркл (40) можеби „побегнале“ од Велика Британија и кралското семејство поради војвотката Камила Паркер Боулс (75), според новата книга на Том Бауер.

Авторот во своето дело „Хари и војната меѓу Виндзорите“ (Harry and the War Between the Windsor’s),  тврдидека војвотката од Корнвол дала расистички коментари за нивниот тогаш нероден син Арчи и дека со тоа поттикнала застрашувачко осудување на целото кралско семејство, пишува „Мирор“.

Фото: Профимедиа

Се наведува дека Камила, наводно, дала „расистичка“ забелешка за тоа како ќе изгледа косата на идното дете на Меган и Хари, откако нивната врска станала јавна.

– Во текот на тие недели Хари се сретна со Чарлс и Камила во Кларенс Хаус. Во верзијата на Хари, разговорот наизменично се менувал помеѓу сериозен и шеговит и допрел до три теми – пишува Бауер.

– Прво, на Хари му беше кажано дека Меган мора да продолжи со својата актерска кариера. Второ, од Скотланд Јард автоматски не можеше да се очекува да плати за 24-часовна заштита на својата девојка. И трето, според Хари, некој шпекулирал за тоа како ќе изгледа неговото идно дете. Во едната верзија, Камила коментирала: „Зарем не би било смешно вашето дете да има црвена афро фризура?

Наводно, Хари се „насмеал“ на коментарот, но според Бауер, „подоцнежната реакција на Меган на разговорот ја претворила забавата на Хари во гнев“.

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Да потсетиме, Меган и Хари лани во интервјуто со Опра Винфри (68) го обвинија кралското семејство за расизам.

– Кога бев бремена, Хари имаше разговор во четири очи. Му било кажано дека на Арчи нема да му биде понудено обезбедување и нема да добие титула, но и дека можеби ќе биде премногу темен кога ќе се роди. Мислам дека другите детали би можеле да бидат многу штетни за семејството – рекла Меган, но не сакала да ја именува личноста што разговарала со принцот за Арчи и неговата боја на кожа пред да се роди, бидејќи тоа ќе му наштети на семејството на нејзиниот сопруг и на оние кои го воспитале.

Дали ќе ви недостигаат Хари и Меган?, несигурен одговор на Камила, сопругата на принцот Чарлс.

ФОТО: Временски приказ на љубовната врска помеѓу принцот Чарлс и Камила

ВИДЕО | Принцот Хари: Се дрогирав и пиев за да заборавам како се чувствувам, добивав панични напади секогаш кога ќе ја видев камерата!

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Барселона продаде дополнителни 15 отсто од ТВ правата

Следно

Муслиу: Вторникот беше историски ден, но остана горчлив вкус поради задолжителните уставни измени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian