Хрватска е во добро друштво, коментар на Пленковиќ на последната одлука на Москва

1 min read

Хрватска е во добро друштво, е кусиот коментар на премиерот Андреј Пленковиќ по повод одлуката на руската Влада да ја стави Хрватска на листата непријателски земји.

За потсетување, владата во Москва денеска ја додаде Хрватска на листата непријателски држави, заедно со Словенија, Грција, Данска и Словачка.

Со одлуката им се забранува на Хрватска и на Словенија да вработуваат руски државјани во своите дипломатско-конзуларни претставништва, додека за Грција тоа е органичено на 34 лица, за Данска 20 и за Словачка 16 лица.

„Пописот одобрен од Владата не е конечен, и со оглед продолжувањето на непријателските активности на странските држави против руските мисии во странство, тој би можело да биде проширен“, се наведува во соопштението на руската Влада.

Во мај минатата година слични органичувања беа воведени за дипломатските преставништва на САД и на Чешка.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Игнатјев: Сакаме независност и евентуално обединување со Русија

Следно

Младите кошаркари не обезбедија полуфинале на ЕП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian