Војвотката од Кембриџ очигледно го пронајде своето ново хоби. Веќе е познато дека токму таа е одговорна за портретите на повеќето членови на британското кралско семејство, а сега го направила и новиот портрет на својот најстар син, принцот Џорџ.
Очигледно, тие се најопуштени пред нејзиниот објектив, па затоа не е чудно што фотографиите што ги снима Кејт Мидлтон се совршени за официјалните објави по повод роденденските прослави на поединечни членови на кралското семејство. Токму таа го сними и најновиот – портрет на нејзиниот најстар син принцот Џорџ, кој денеска, 22 јули, го слави својот деветти роденден.
Фотографијата е направена на почетокот на овој месец, по завршувањето на училишната година, а за време на семеен одмор на плажа. На фотографијата се гледа како принцот Џорџ широко и среќно се насмевнува. Она што многумина веднаш го забележаа е дека со текот на годините неверојатно личи на својот татко, принцот Вилијам.

Слична фотографија од плажа беше објавена на почетокот на годинава, но тогаш ѕвезда беше принцот Луис, по повод неговиот четврти роденден.
Инаку, принцот Џорџ во последно време сè почесто се појавува во јавноста со родителите, сè со цел да научи и еден ден да биде подготвен да седне на кралскиот трон.

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон