Фернандо Алонсо: Хамилтон е легенда, ќе ја вози својата 300. трка

1 min read

Додека Алонсо го слави Хамилтон, за Британецот е алармантен податокот што ниеден возач во Ф1 кој настапил на 300 трки, потоа не успеал да забележи победа

Луис Хамилтон беше поздравен како легенда на Формула 1 од Фернандо Алонсо во пресрет на неговата 300. гран-при трка. Хамилтон ќе ја вози својата 300. трка во Формула 1 в недела за Големата награда на Франција на патеката „Пол Рикар“, со што ќе стане само шестиот возач во историјата на овој спорт што ја достигнал оваа значајна бројка.

Возачот на Мерцедес ја започна својата кариера заедно со Алонсо во Мекларен во 2007 година, а потоа освои рекордни седум светски титули. Хамилтон ќе им се придружи на Алонсо, Кими Раиконен, Михаел Шумахер, Рубенс Барикело и Џенсон Батон во ексклузивниот „клуб 300“.

– Тој е извонреден возач и легенда на нашиот спорт. Тој го имаше талентот во 2007 година, а талентот го има и сега, но со искуство. Тогаш никој не мислеше дека некој ќе може да освои седум титули како Шумахер. Честитки за него што стигна до „300“ и се надевам дека наскоро ќе забележи уште една победа – рече двократниот светски шампион Алонсо.

Но, алармантно за Хамилтон е што ниеден возач кој стигнал до 300 трки не победил на некоја трка потоа. Хамилтон никогаш не стигнал толку далеку во сезоната без да застане на највисокото скалило на подиумот, како што е случај сезонава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лице од Скопје се обиде да криумчари со мигранти

Следно

Зоран Марјановиќ осуден на 40 години затвор за убиството на сопругата, српската пејачка Јелена Марјановиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian