Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер се наоѓа во големи проблеми бидејќи на берза загубил 200 милиони долари.
Според швајцарските медиуми, Федерер инвестирал милиони во компанијата за спортска опрема „Он“, но вредноста на акциите паднала од 39,99 на 17,37 долари.
– Не е познато колку акции има Федерер во таа компанија, но претходно се пишуваше дека тој поседува три отсто од вредноста на компанијата. Тоа значи дека поради падот на акциите загубил околу 200 милиони долари – пишуваат швајцарските медиуми.
Порталот „Switzerland times“ ги објасни причините за милионската загуба на Федерер, но истакнува дека се може брзо да се промени.
– Постојат доста причини за падот на акциите, војната во Украина, пандемијата на коронавирусот, сето тоа има големо влијание на берзите. Покрај тоа треба да се потенцира дека берзата е непредвидлива и дека со евентуален раст на акциите во краток временски период, може да се надоместат загубите, па дури да се заработи екстра – пишува порталот.