Британецот кој го остави семејството за Украинка прими уште двајца бегалци

1 min read

Британецот Тони Гарнет кој ја остави сопругата Лорна и нивните две деца поради Украинката Софија Каркадим, на која семејството ѝ обезбедило сместување, примил уште двајца бегалци од Украина во својот дом.

Британец ѝ обезбедил сместување на Украинка: Поради неа за десет дена ги оставил сопругата и децата

Тони и Софија изнајмиле куќа во Бредфорд, градот во кој претходно живеел Тони со своето семејство. „Дејли мејл“ пишува дека во куќата примиле млад брачен пар од Украина, Софија Расторгујева и Илија Троневич. Минатата недела Тони и Софија виделе дека двајца Украинци бараат сместување во Англија, па ги контактирале, а Софија и Илија се преселиле од Украина на 23 јули.

„Јас не сум чудовиште. Спијам мирно“

Да потсетиме, Софија побегна од Лавов во мај оваа година и го контактирала Тони на фејсбук-страница која нуди сместување за бегалци. Лорна и Софија се скарале, а Тони решил да го напушти семејството и да го продолжи животот со Украинката и рекол дека „сака да го помине остатокот од животот“ со неа.

Софија, пак, делумно ослепела по операција на окото откако се заразила со инфекција на пат кон Британија. Тони почнал да работи во смени за да може подобро да се грижи за неа.

„Јас не сум чудовиште. Спијам мирно. Ја спасив од војната во Украина. Ја направив вистинската работа. Претходно трпав сè за моите деца“, изјави Тони за еден британски таблоид.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Црвено-црн“ јубилеј: ФК Вардар денеска слави 75 години од формирањето

Следно

Игнатјев: Сакаме независност и евентуално обединување со Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian