Барселона продаде дополнителни 15 отсто од ТВ правата

1 min read

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона објави дека и продала дополнителни 15 отсто од ТВ правата на инвестициската компанија „Сикс Стрит“.

Оваа компанија во следните 25 години ќе има право да пренесува одреден број натпревари на Барселона, која според договорот веднаш ќе ги добие сите пари веднаш. Станува збор за сума од 519 милиони евра.

Претходно „Сикс Стрит“ купи 10 отсто од ТВ правата за наптреварите на Барселона во Ла Лига.

– Продолжување да ја унаредуваме нашата стратегија и среќни сме што го комплетиравме овој договор со „Сикс Стрит“ со што ќе се подобри финансиската ситуација – изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мета во Приштина: Косово е фактор на стабилноста во регионот

Следно

Камила расистички коментирала за синот на Меган и Хари: Замислете да има црвена афро фризура!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian