Аргентински репрезентативец мора што поскоро да се разведе ако сака да игра на СП во Катар

1 min read

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и на аргентинската репрезентација, Родриго де Паул би можел да го пропушти Светското првенство во Катар и тоа поради неверство, пишува весникот „Мундо Депортиво“.

Де Паул моментно се разведува од сопругата Камила Хомс која ја изневерил со пејачката Мартина Стосел. Поради ова Камила Хомс побара старателство над децата, но Де Паул одбива и поради тоа сè уште трае судскиот процес продолжува поради ова.

Но, според катарските закони, ниту еден човек против кого се води судска постапка не може да влезе во земјата.

Ова го потврди и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина, Клаудио Тапија поради што Де Паул може да го пропушти Мундијалот во Катар доколку не заврши судскиот процес до ноември.

– Според законот на државата Катар, секој против кого се водат правни постапки не може да влезе во земјата. Сепак, добро го познавам Де Паул, знам колку ги сака своите деца и сигурен сум дека ќе го најде најдоброто решение – изјави Тапија.

Родриго де Пол е репрезентативец на Аргентина од 2018 година,  досега за „гаучосите“ одигра 41 натпревар на кои постигна два гола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одобрена вакцина против мајмунски сипаници

Следно

ВИДЕО | Остварување на сонот: Кијану Ривс како Бетмен?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian