Акција за косење на зеленилото на кејот на реката Вардар

1 min read

Екипите на ЈП Паркови и зеленило, по налог од Град Скопје, деновиве спроведуваат акција за косење на зеленилото на кејот на реката Вардар.

Теренските екипи неделава работат на косење на неуредените тревни површини, кастрење на гранки, сечење избојци и чистење на површините.

Акцијата започна во Ново Лисиче на потег од мостот Близнак до седиштето на ЈП „Лајка“.

Истовремено, како дел од оваа акција, се работи и од левата страна на Вардар, каде што се врши уредување на зеленилото на потегот од вливот на Лепенец во Вардар до мостот на бул. 8 Септември.

skopjeinfo.mk

Претходно

Тајна состојка поради која останува свеж со денови: Млечен леб по кој светот полуде

Следно

Пред Самитот на муџахедините во Албанија, Амбасадата на САД предупредува за сериозна закана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian