Жена тужи маж и бара од него 10.000 долари затоа што не се појавил на состанок

1 min read

Кашонте Шорт од Мичиген, САД го тужи Ричард Џордан и бара од него 10.000 долари затоа што не се појавил на нивниот состанок. Во тужбата, како што пренесуваат странските медиуми, таа изјавила дека Џордан „намерно ѝ предизвикал душевна болка“.

„Тој не се појави на состанокот и ме остави сама на роденденот на мајка ми, а мајка ми штотуку почина“, објасни Шорт.

Порталот пренесува дека Џордан му рекол на судијата дека мисли дека случајот ќе биде отфрлен: „Имавме еден состанок и ништо после тоа, а сега ме тужи за 10.000 долари. Мислам дека ова е губење на вашето време“.

Шорт го обвини Џордан и за лажно сведочење, на што судијата одговори: „Не гледам никаде во вашето обвинение дека лажел под заклетва“. Шорт одговорила дека судијата „не знае што се случило“, а тој ѝ објаснил дека работа на обвинителот е „да биде прецизен во обвинувањата“.

Судијата на крајот одлучи дека оваа одлука не е во негов домен и го префрли случајот на окружниот суд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шаќири: Победивме, но можевме да дадеме четири или пет гола 

Следно

Милошоски: Ако вака продолжиме со Бугарија, постојано сами ќе си го каниме ветото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian