Започна регистрација на штетите од големиот пожар во близина на Атина

1 min read

Инженери од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, започнаа увид и регистрација на штетите од големиот пожар во близина на Атина, а грчкиот премиер денеска ги посетува погодените населби.

Во текот на вчерашниот ден бил извршен увид на 30 објекти, од кои 11 се опасни за употреба, меѓу кои седум се станбени објекти, три деловни простори и еден магацин.

Регистрацијата продолжува и денеска, целта е што побргу да се заврши увидот за веднаш да започне процесот на обесштетување на граѓаните.

Шумскиот пожар избувна во втроникот, кусо по 17 часот од планината Пендели и поради силниот ветер, се спушти и брзо се прошири кон населените места, заземајќи големи размери со активни жаришта во повеќе населби, а беше ставен под контрола 22 часа подоцна.

Грчкиот премиер, кој утрово е во посета на погодените населби, вчера рече дека не е исклучена можноста пожарот да бил подметнат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопје мириса на изгорено, се запали дива депонија

Следно

ВИДЕО: На Де Лихт му беа потребни само две минути за да го даде првиот гол за Баерн

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian