Министерот за одбрана на Бугарија, Драгомир Заков на состанокот на собраниската комисија за одбрана соопшти дека понудата за вторите осум авиони Ф-16 Блок 70 е една милијарда и 320 милиони долари.
Заков пред неколку дена изјави дека пристигнала понудата од САД за вторите осум борбени авиони Ф-16. Сумата е приближно иста како онаа од првиот договор, која е една милијарда и 256 милиони долари, но пакетот за вооружување е многу поголем и имаме право на одложено плаќање, рече министерот Заков.
„Бројот на авиони е ист, но со таа разлика што за првите авиони има шест единечни, и два двоседи ‘Искри’, за вторите соодносот е четири спрема четири. Овој пат Бугарија ќе добие и поголемо придружно вооружување за новите американски воени авиони“, категорично изјави Заков.
Извор: МИА