Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 29 до 40 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 37 степени.
Од денеска до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40 степени. И во Скопското подрачје, дневната температура ќе биде околу 40 степени.
Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од понеделник ќе има благ пад на дневната температура.