ВИДЕО | „Сакам вака да го прославам десеттиот месец пост оперативно“: Ивона Јо изгледа неверојатно

1 min read

Поминаа повеќе од десет месеци од операцијата во Турција, кратење на желудник која нашата млада пејачка и инфлуенсерка Ивона Ивановиќ од Куманово попозната како Ивона Јо ја направи со цел за поздрав и поудобен живот.

Ивона Јо е една прекрасна млада дама која нема проблем да зборува за себе, за своите успеси и падови, емоционални и физички транзиции.

Ивона со години мотивира и инспирира на социјалните мрежи, споделувајќи лични искуства, помагајќи им на другите полесно и побрзо да се соочат со „своите демони“, да се сакаат и да се борат да видат нова и подобра верзија од самите себеси.

По повод 10 дена од операцијата Ивона објави кратко видео на својот инстаграм – профил со кое сака да ја прослави својата истрајност, подобро здравје и изглед.

„Сакам вака да го прославам десетиот месец пост оперативно. И да кажам. Ти благодарам боже!“ – напиша Ивона во описот на објавата.

Со внимателен режим на исхрана, физичка активност и голема волја, по операцијата Ивона комплетно го промени својот изглед. Младата пејачка изгледа неверојатно по трансформацијата, а притоа не крие дека ужива во секој момент и во новите здрави животни навики.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Победа на Шкендија во Рига за голем исчекор кон третото квалификациско коло во Лигата на конференции

Следно

Лукашенко: Мораме да избегнеме нуклеарна војна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian