ВИДЕО | „Не можам ни кафе да испијам на мир…“: Дејвид Бекам се пошегува со својата сопруга

1 min read

Поранешниот фудбалер ги насмеа следбениците со шега за неговата сопруга Викторија. Дејвид Бекам на својот инстаграм – профил објави кратко видео кое ги насмеа своите бројни следбеници. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се пошегува на сметка на својата сопруга, пишувајќи дека „не може ни кафе на мир да испие“.

На видеото може да се види како Бекам се одмара во својата соба, додека Викторија „ѕирка“ од зад него додека тој вредно вежба. Очигледно е дека популарната „Спајсица“ го користи секој момент за да ја одржува формата, па не пропушта прилика да вежба ниту на одмор.

Двојката Бекам помина повеќе од една недела на Лопуд, а подоцна заминаа во Италија. Во Хрватска биле сместени во луксузното одморалиште „Лопуд 1483“, а на одмор потрошиле неколку десетици илјади евра, со оглед на тоа што едно ноќевање во луксузно сместување чини 10 илјади евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО I Му се смее цел свет: Фудбалер на Челси се посрамоти при извесување на пенал

Следно

Мицкоски: Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за предлогот за референдумско изјаснување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian