ВИДЕО: На Де Лихт му беа потребни само две минути за да го даде првиот гол за Баерн

1 min read

Најскапото засилување на Баерн Минхен во летниот преоден рок, Матијс де Лихт во својот прв натпревар успеа да се запише во листата на стрелци.

На Де Лихт му беа потребни само две минути да го постигне својот прв гол за Баерн кој со убедливи 6:2 славеше на пријателскиот натпревар против Ди Си Јунајтед.

На второто големо засилување на Баерн, Садио Мане, пак му беа потребни само пет минути да постигне гол. Мане во петтата минута го отвори резултатот, во првиот дел во листата на стрелци се запишаа уште и Сабицер и Гнабри за убедливи 3:0.


Во второто полувреме, тренерот Јулијан Нагелсман излезе со комплетно нов тим, во него беше и Де Лихт кој во 47 минута зголеми на 4:0. Четири минути подоцна Зиркце зголеми на 5:0.

Ди Си Јунајтед преку Лехланд и ДиПјетро постигна два гола за 5:2, за во втората минута од судиското продолжение Томас Милер да го постави конечниот резултат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Започна регистрација на штетите од големиот пожар во близина на Атина

Следно

Трагедија на концертот на The Weeknd: Човек почина откако падна од ескалатор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian