ВИДЕО: ИРЛ објави продолжение на документарецот „Нечиста крв“ за клиниката „Жан Митрев“

1 min read

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) вечерва објави продолжение на шокантниот документарен филм „Нечиста крв“, направен по 22-месечно истражување за наводните злоупотреби во клиниката „Жан Митрев“.

Како што велат од ИРЛ, во документарецот не можеле да бидат опфатени сите приказни од обемното истражување, па откако тој предизвика вистинска бура од реакции во јавноста, а Јавното обвинителство оформи предмет за случајот, дополнително ќе бидат објавени дел од приказните и сведоштвата на пациенти кои не се нашле во филмот.

„Истражувањето „Нечиста крв“ е базирано на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово. Нивните потресни сведоштва не доведоа до многу откритија, но обемноста на откритијата не дозволи сите да бидат објавени во документарниот филм. Затоа ја продлжуваме приказната за клиниката Жан Митрев, со сведоштвото на Жанета Сарагинова, чиј сопруг е жртва на лекарска грешка и финансиски малверзации со Фондот за здравство од страна на клиниката“, велат од ИРЛ во описот на видеото.

По објавувањето на документарниот филм „Нечиста крв“, клиниката „Жан Митрев“ реагираше со соопштение во кое се вели дека се „згрозени од тенденциозниот говор на омраза, употребуван кон нивната институција, како и од неточните наоди, односно од фабрикуваните информации кои се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на клиниката“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Емануел стана вирален хит: Ѝ го „згорчува“ животот на фармерката Тејлор Блејк, не обожава камери!

Следно

Дани Алвеш си најде нов клуб, од потпис го делат само лекарски прегледи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian