ВИДЕО | „Фатена на дело“ – Меган Маркл го тера принцот Хари да ја држи за рака: Оваа жена е морничава

2 mins read

Меган Маркл и принцот Хари пред неколку дена присуствуваа на Генералното собрание на Обединетите нации во пресрет на Денот на Нелсон Мандела. Кралската двојка седеше во првиот ред и ги слушаше другите говори, а еден момент уловен од камерата набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Поради видеото каде Меган го тера Хари да и ја држи за рака, луѓето пишуваат: Таа е морничава

Имено, Хари и Меган се држеле за рака, а тој во еден момент се обидел да си ја извлече раката. Меган веднаш реагирала, повторно го фатила за рака и му ја ставила во скут.

Додека Меган цело време позираше насмеана, Хари беше фатен од фотографите со тажен и замислен израз на лицето.

меган маркл
Принцот Хари и Меган Маркл / Фото: Lev Radin/ Profimedia

„Кога ќе сфатите дека ви е продадена лажна успешна приказна од лажна жена и нејзините лажни пријатели и дека животот надвор од Велика Британија е тежок за британскиот принц со низок коефициент на интелигенција“, „Оваа жена е морничава, страшна и луда“, „Хари и неговата сродна душа. Следниот пат кога ќе го пишуваш неговиот говор, Мег, задолжително вежбајте глума со него пред настанот. Ти глумиш, но тој е свој, мизерен и заробен“, беа само дел од коментарите на „Твитер“.

 

Луѓето забележале и дека за време на заедничките фотосесии, Хари секогаш стои во позадина, додека Меган е во центарот на вниманието.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Младите ракометари убедливо поразени од Швајцарија, ќе играат за пласман од 5. до 8. место

Следно

Скопјанец украл пикап „Тојота“ од паркингот на Градежниот институт, го фатиле како го вози во Гостивар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian