Василев: Ние сме Македонија и никогаш не се предаваме, играме исто и кога губиме и кога водиме 

2 mins read

Младинската репрезентација на Македонија се пласираше во четвртфиналето на Европското Првенство – Б дивизија што се одржува во Грузија. Младите кошаркари во одлучувачкиот натпревар со 76:73 го совлада домаќинот и скор од три победи и пораз го освои второто место во групата Б кое им донесе пласман меѓу осумте најдобри.

Селекторот Никола Василев е презадоволен од прикажаната игра на неговите избраници.

– По оној пораз од Шведска си ја искомпликувавме ситуацијата и моравме да тргнеме по потешкиот пат. Исклучително е тешко да се игра против Грузија натпревар „да се биде или не“. Уште повеќе на гостински терен во оваа земја, и токму затоа овој триумф ме прави уште погорд, и  мене и сите кои сме дел од репрезентацијата. Лошо почнавме, но знаев дека можеме да се вратиме. Немаше некој посебен совет до кошаркарите при минус 14, едноставно е ние сме Македонија, никогаш не се предаваме и играме исто и кога водиме и кога губиме со 10 или повеќе разлика – вели селекторот Василев за официјалната интернет страница на КФСМ.

Следен предизвик, утре попладне (12.30 часот), е Естонија, селекција што со максимални четири победи го освои првото место во својата група.

– Говориме за исклучително квалитетна селекција. Добро покриена на сите позиции, која во своите редови има кошаркар од НЦАА лигата. Но и играчи кои играат во првата лига на оваа земја. Инсистираат на брза игра, прецизни се со шутевите од далечина. Исто така се и физички високи, и не може да се каже дека имаат некоја слаба точка во играта. Ги почитуваме, но сигурно не се плашиме од нив. Ќе сториме се за да одиграме добар меч. Како што веќе кажав, наша цел е да ја играме сопствената игра, без разлика на противникот – порачува Василев од Тбилиси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заков: Бугарија доби понуда за втората серија авиони Ф-16 за една милијарда и 320 милиони американски долари

Следно

ФОТО | Ова е Ката, најдобрата пријателка на Лепа Брена: Фолк дивата ужива во летото во женско друштво

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian