Успиена најстарата џиновска панда на светот

1 min read

Ан Ан, најстарата мажјак џиновска панда во светот која беше згрижена од луѓе, била успиена во четвртокот на 35-годишна возраст, што е еквивалент на 105 човечки години, соопштија од забавниот парк во Хонг Конг каде што живеела пандата.

Здравствената состојба на Ан постојано се влошувала во текот на изминатите неколку недели, јадела сè помалку и на крајот престанала да јаде, истакнал Оушн парк, каде што живеела од 1999 година.

Ан и Џиа Џиа, најстарата женка џиновска панда на светот која почина во 2016 година на 38-годишна возраст, биле подароци од кинеската влада.

„Оушн Парк со длабока тага ја објавува загубата на Ан Ан“, се вели во соопштението до јавноста.

Од паркот истакнаа дека се благодарни за можноста што ја имале да се грижат за пандите Џиа Џиа и Ан Ан бидејќи тоа помогнало паркот да стане важна база за зачувување на пандите.

„Ан е незаменлив член на нашето семејство и порасна со Оушн Парк. Тој, исто така, изгради силна врска со локалното население и туристите“, посочија тие.

Оушн парк сега има две џиновски панди, Јинг Јинг и Ли Ли. Во 2007 година, Кина му ги подари на Хонг Конг женката Јинг Јинг и мажјакот Ли Ли. Вработените се надевале дека парот може да има бебиња, но досега тоа не се случило.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Карате репрезентативците ги привршуваат подготовките за Европската Универзијада

Следно

Ковид биланс: Нови 788 случаи, двајца починати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian