Попладнево во Гостивар бил уапсен жител на Скопје, кој украл возило на Градежниот институт од паркинг, соопшти МВР.
„На 21.07.2022 во 13.05 часот на улица „Гоце Делчев” во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје, поради сомнение дека денеска од паркинг на Градежен институт Скопје одзел патничко возило „Тојота Хајлукс”, сопственост на Институтот, кое било оставено со клучеви на бравата“, се вели во соопштението.
„Денеска околу 12.00 часот во ЕВР Карпош, вработен во Градежниот институт пријавил дека било одземено возилото од паркингот, по што биле преземени мерки и во координација со Полициската станица Гостивар, возилото било сопрено, а сторителот бил приведен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, додаваат од полицијата.