Шаќири: Победивме, но можевме да дадеме четири или пет гола 

1 min read

Екипата на Шкендија продолжува со одличните игри во квалификациите за пласман во Лигата на конференции и во третиот натпревар, денеска во Рига ја оствари втората победа.

Шкендија славеше со 2:1 против Валмиера и направи голем исчекор кон третото квалификациско коло, а тренерот на тетовските „црвено-црни“, Артим Шаќири е задоволен од играта и победата, но жали што не беше постигнат уште некој гол за поубедлив триумф кој би донел и помирен реванш во Скопје идниот четврток.

– Очекувавме дека ќе биде тежок натпревар, па се подготвивме токму како што треба. Овде во Летонија стигнавме до тоа што го посакувавме, но не треба да заборавиме дека противникот ни создаваше одредени потешкотии. Создадовме многу шанси и имавме можности да постигнеме четири или пет гола со кои би ни било поудобно пред реваншот. Но фудбалот е таков, тоа е тоа што го прави уште поубав. Сепак, ќе се подготвиме за реваншот бидејќи ништо не е завршено, имаме уште 90 минути во Скопје –рече Шаќири.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Масовен помор на риби во чешката река Таја

Следно

Жена тужи маж и бара од него 10.000 долари затоа што не се појавил на состанок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian