Сандра Перковиќ освои сребрен медал, но влезе во историјата на Светските првенства

1 min read

Хрватската атлетичарка Сандра Перковиќ го освои сребрениот медал во Јуџин во фрлање диск, но и покрај тоа влезе во историјата на Светските првенства.

Хрватката до сребрениот медал дојде до најдобриот резултат годинава од 68,45 метри. Ова воедно беше 12 медал за Перковиќ, но стана првата атлетичарка во фрлање диск која освојува медал на пет Светски првенства.

– Уживав во секој момент на натпреварувањето. Најголема конкурентка годинава ми беше Валари Алман која успеав да ја победам во Јуџин, но не очекував дека Кинеската атлетичарка ќе не победи – изјави Перковиќ.

Златниот медал и припадна на Кинеската Бин Фенг која дискот го фрли 69,12 метри, додека Американката Валари Алман беше трета со 68,30 метри.

Во финалето на 3.000 метри стиплчеjс славеше Кенијката со казахстански пасош Нора Џеруто. Таа делницата ја истрча за 8:53,02 минути што претставува рекорд на светските првенства.
Среброто и бронзата им припадна на атлетичарките од Етиопија, Веркуга Гетачу и Мекидес Абебе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарија и Србија единствени во Европа под надзор на Вашингтон поради трговија со луѓе

Следно

Омилениот летен десерт: Тарт со праски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian