Екипата на Шкендија продолжува со одличните игри во квалификациите за пласман во Лигата на конференции и во третиот натпревар ја оствари втората победа.
Тетовските „црвено-црни“ откако во првото коло беа поуспешни од Арарат, денеска славеа на гости во Рига со 2:1 против Валмиера и направија голем исчекор кон пласманот во третото квалификациско коло.
Фудбалерите на Шкендија беа подобар тим на теренот, имаа поголем посед на топката (51-49), имаа повеќе шутеви (20-16) повеќе удари во рамките на голот (6-5) и на крајот тоа го крунисаа со победа и во реваншот ќе имаат гол предност.
Подобрата игра, Шкендија ја круниса уште во деветтата минута преку Љупче Дориев, но домашниот тим во последните моменти од првиот дел преку Гуеје успеа да доде до израмнување.
Тетовци имаа одлична шанса на одмор да заминат со предност, но шутот на Бејрулаи заврши во пречката. Во второто полувреме, Шкендија беше подобар тим и доминацијата ја круниса со гол на Гури во 63 минута.
Реваншот меѓу Шкендија и Валмиера ќе се игра идниот четврток во Скопје.