Оскаровката Џулијан Мур на чело на жирито на Филмскиот фестивал во Венеција

1 min read

Американската актерка и оскаровка Џулијан Мур ќе претседава со жирито на 79. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, познатата Мостра, објавија организаторите на фестивалот.

По официјалното соопштение на Фестивалот во Венеција, актерката веднаш се пофали и на Инстаграм.

„Многу сум возбуденa и голема чест ми претставува да бидам во жирито на фестивалот во Венеција. Едвај чекам“, порача Мур на својот инстаграм-профил со повеќе од 2,2 милиони фанови.

Актерката ќе го предводи седумчленото жири во Венеција.

Фестивалот ќе се одржи од 31 август до 10 септември на Лидо.

Покрај 61-годишната актерка, во жирито ќе бидат и аргентинскиот режисер Маријано Кон, Шпанецот Родриго Сорогоен, Италијанецот Леонардо ди Костанца, француската режисерка Одри Диван, иранската актерка Лејла Хатами и добитникот на Нобеловата награда за литература Казуо Ишигуро, наведоа организаторите.

Селекцијата на Фестивалот ќе биде позната на 26 јули.

Фестивалот во Венеција на својата веб-страница потсетува на истакнатата кариера на Џулијан Мур, првата Американка која, покрај Оскар, освои награди за глума на три големи фестивали, во Кан во 2014 година за „Мапи до ѕвездите“, во Берлин во 2003 година за „Часовите“ и во Венеција во 2002 година за „Далеку од рајот“.

Членовите на жирито ќе одлучуваат за доделувањето на наградата Златен лав за најдобар филм, како и за другите награди на овој престижен филмски фестивал.

Холивудската дива слави годишнина од бракот со 10 години помладиот сопруг: Тогаш сфатив дека таа е вистинската! (ФОТО)

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голманот Мартин Томовски реши да остане во Вардар 1961

Следно

МНР: Со едностраната изјава до ЕУ се соопштува нашата позиција за македонскиот јазик, која е пропишана во Уставот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian