Омилениот летен десерт: Тарт со праски

1 min read

Праските не само што се одлична храна полна со витамини и минерали, тие се толку вкусни што и најобичниот бисквит ќе го претворат во вистинско мало гастрономско искуство за сите сетила. Наша препорака е денес да подготвите еден лесен и вкусен тарт со праски во кој ќе ужива целото семејство.

СОСТОЈКИ:

– 4 жолчки

– 100 гр шеќер

– 2 кесички ванилин шеќер

– 100 гр брашно

– 1/2 кесичка прашок за пециво

– 7 белки

– 70 гр путер

– 250 гр праски

– шеќер во прав

ПОДГОТОВКА:

Измаете ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа измешајте ги со брашно измешано со прашокот за пециво. На крај, нежно соединете со добро изматените белки и стопениот путер. Префрлете ја смесата во намрсен и набрашнет калап за тарт, па наредете ги излупените половини од праски и печете околу половина час на 180 степени. Испечениот тарт посипете го со шеќер во прав и послужете.

Добар апетит!

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сандра Перковиќ освои сребрен медал, но влезе во историјата на Светските првенства

Следно

Скопје мириса на изгорено, се запали дива депонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian