Младите ракометари убедливо поразени од Швајцарија, ќе играат за пласман од 5. до 8. место

1 min read

Младинската ракометна репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од 14:31 од Швајцарија на Европското првенство до 20 години Б дивизија што се игра во Варна, Бугарија.
Вториот пораз по ред ја однесе Македонија во битката за пласман од петтото до осмото место на ЕП.

Младите ракометари беа рамноправен противник само во воведните минути кога имаа 5:5, по што следеше серија на Швајцарија од 0:4 со која противникот ја презеде контролата врз резултатот и врз играта. Предноста до крајот на полувреметот се зголеми и на одмор се замина со резултат 6:12.

Швајцарците дилемите околу победникот ги разрешија кога за прв пат поведоа со двоцифрена предност (11:21) по што рутински го приведоа натпреварот до крајот и славеа со убедливи 14:31.

Иваноски беше најпрецизен со трри гола, а по два дадоа Тодески, Димковски, Шулески и Димевски. Македонија в сабота ќе игра за пласман од петтото до осмото место, а можни противници се Луксембург, Литванија или Велика Британија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повторно активен пожарот во Словенија

Следно

ВИДЕО | „Фатена на дело“ – Меган Маркл го тера принцот Хари да ја држи за рака: Оваа жена е морничава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian