Мицкоски: Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за предлогот за референдумско изјаснување

1 min read

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе расправа и ќе се произнесе по повеќе точки меѓу кои и за предлогот за референдумско изјаснување и за актуелната политичко-економска состојба во државата, информира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на Општина Аеродром.

– Денеска имаме седница на Извршниот комитет од деветнаесет часот, утре е Централниот комитет. Ќе разговараме за актуелните случувања. Исто така би сакал Извршниот комитет да се произнесе и за палењето на возилото на пратеникот во Прилеп. Прилеп овие денови е како Бејрут во најлошите времиња. Денеска повторно ново возило е запалено, односно во текот на ноќта, изјави Мицкоски.

Во однос на референдумот, рече дека ќе се разговара за тоа кога би го почнале, како би го почнале и на што би се насочиле. – Да слушнеме што мислат членовите на Извршниот комитет на партијата рече Мицкоски.

Како државотворна политичка партија, рече Мицкоски, треба да излеземе со наша позиција по неколку отворени прашања

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Не можам ни кафе да испијам на мир…“: Дејвид Бекам се пошегува со својата сопруга

Следно

Анкета: Секој трет Германец смета дека Меркел треба да се извини за енергетската криза

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian