Конференциска лига: Македонија ЃП пред полни трибини против софиска ЦСКА

1 min read

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров попладнево на стадионот на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе ја пречекаат софиска ЦСКА пред полни трибини, откако освојувачот на македонскиот Куп соопшти дека се продадени сите билети за натпреварот од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Капацитетот на стадионот е 1.162 столчиња, а, според најавите, поддршка од трибините ќе има и бугарскиот тим од 60 навивачи.

УЕФА за натпреварот што ќе се игра со почеток во 17:30 делегираше свој комесар за безбедност.

Реваншот е по една недела во Софија, а поуспешниот тим продолжува на европската сцена во 3. квалификациско коло во Конференциската лига во кое ќе игра со победникот од пресметката меѓу Сент Патрик од Република Ирска и словенечка Мура.

skopjeinfo.mk

Претходно

МНР: Со едностраната изјава до ЕУ се соопштува нашата позиција за македонскиот јазик, која е пропишана во Уставот

Следно

Грција не се согласува со предлогот на ЕК за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian