Општина Аеродром упатува остра реакција по вандалскиот чин кој се случил во урбаниот парк зад ТЦ „Бисер“, при што беа искршени и целосно уништени орманите за струја.
-Непознати сторители во текот на измината ноќ целосно откорнале три ормани за струја, а нанеле штета и на други елементи поврзани со електрична енергија. Случајот ќе биде пријавен и очекуваме сторителите да бидат пронајдени и соодветно казнети. Ваквите девијантни појави не само што нанесуваат големи материјални штети кои ги плаќаме сите ние, туку претставуваат и голема опасност по животите, како на сторителите, така и на жителите на нашата Општина, велат од општина Аеродром.
Оттаму уште еднаш апелираа сите заедно да ги чуваме и да се грижиме за јавните добра, затоа што само на тој начин ќе имаме здрава, чиста и безбедна животна средина.