Исклучително редок јастог спасен од сигурна смрт: Благодарение на работници во ресторан

1 min read

Во еден ресторан во Флорида, САД се случила необична ситуација – работниците за среќа навреме го забележале и спасиле исклучително редок вид на јастог. Имено, портокаловиот јастог во природата се појавува еднаш на 30 милиони единки.

Кога работниците во ресторанот „Red Lobster“ ја примиле нарачката, забележале дека еден од јастозите има необична боја. Јастогот, кој работниците го нарекле Чедар, пристигнал од рибарски брод што ловел во северниот дел на Атлантикот. Нормално, кога рибарите ќе забележат портокалови јастози, ги фрлаат назад во морето, но овој успеал да се камуфлира меѓу останатите.

Ресторанот го донирал Чедар на аквариумот „Ripley“ во Миртл Бич, а вработените во аквариумот веднаш пристигнале да го земат и пренесат во неговото ново живеалиште.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарија во септември ќе ни гостува во Скопје со нов селектор на клупата

Следно

Бајден позитивен на Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian