Харден останува во Филаделфија, се согласи и на помала плата

1 min read

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џејмс Харден одлучи да остане во Филаделфија и притоа се согласи да има помала плата за да може екипата да се засили и да ја нападне титулата во НБА лигата.

Харден ќе потпише договор на една година, со опција за продолжување на уште една и за тоа време би заработил 68,6 милиони долари.

Со претходниот договор, популарната „брада“ заработуваше 47 милиони долари, а со новиот договор се откажа од 14 милиони долари.

– Разговарав со генералниот менаџер Дерил Мори и му објаснив како можеме да бидеме уште посилни и која е вистинската вредност на поединечните кошаркари на пазарот. Потоа му реков да го засили тимот, да донесе играч кој ни е потребен, а на мене да ми ги даде остатокот од парите – порача Харден.

Доколку остане и во втората сезона, Харден би добил 35,6 милиони долари.

– Со овој потег покажувам колку сакам да ја освојам титулата. Тоа ми е најважно во овој дел од кариерата, подготвен сум да играм за помалку пари за да дојдеме во позиција да ја освоиме титулата – рече Харден.

Досега Филаделфија успеа да се договори со Пи Џеј Такер, и се наоѓа пред потпис со Даниел Хаус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ново возило за доставување храна за детската градинка во Ченто

Следно

„Жан Митрев“ Клиника: Најнов тест за преимплантационен скрининг на ембриони при ин витро оплодување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian