Грција не се согласува со предлогот на ЕК за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто

1 min read

Грција начелно не се согласува со предлогот на Европската Комисија за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, објаснувајќи дека тие ќе продолжат да ги поддржуваат нивните веќе доставени предлози.

-Грчката Влада начелно не се согласува со предлогот на Комисијата за намалување за 15 отсто на употребата на природниот гас. Поднесовме низа предлози и во однос на цените, односно економската димензија на природниот гас и во однос на снабдувањето. И ќе инсистираме на овие предлози, рече Иконому.

Додаде дека ќе останат на нивниот став дека „насоката на овие предлози може да донесе многу суштински и клучни решенија„ за справување со енергетската криза во Европа.ср

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Конференциска лига: Македонија ЃП пред полни трибини против софиска ЦСКА

Следно

ФОТО | Се омажи ќерката на Дарио: Андреа е прекрасна невеста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian