ФОТО | Келнер откри што јадела Ким Кардашијан за 400 евра: А, и тој се опарил од бакшишот

3 mins read

Старлетата Ким Кардашијан неодамна замина за Порт Даглас, Австралија, за да го посети своето момче Пит Дејвидсон, кој таму го снима новиот филм наречен „Wizards“. Таму, меѓу другото, се гоштевале во италијански ресторан, а со оваа информација на Инстаграм се пофалил келнерот кој ги послужил.

Келнер од италијански ресторан во Кернс се пофалил дека ја послужил славната гостинка и нејзиното друштво, а нарачката на крајот чинела солидни 576 австралиски долари или околу 390 евра. Келнерот рекол и дека Кардашијан, која ја платила сметката, му оставила и „голем бакшиш“, но не ја открил сумата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ким, која неодамна драстично ослабе и го промени начинот на исхрана, со своето друштво уживала во салати Капрезе, рукола, две пици Маргарита, една со четири видови сирење, лигњи, лазањи, две јадења со риба, fettuccine carbonara, њоки со сирење, лазањи, аранчини со тартуфи, телешко scaloppini и десерти како чоколадна торта и слатка пица со Нутела.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да не беше зборлестиот келнер, ријалити ѕвездата ќе успеела во својот план, како што рекле извори „блиски до парот“ за австралиските медиуми, да биде што помалку видлива.

– Таа е тука само за да поминува време со Пит, сака што повеќе да биде со него и не сака да ја вознемируваат. Ќе кажеше ‘здраво’ ако налетате на неа, но дефинитивно не сака да се фотографира на ова патување -рекол извор „Daily Mail Australia“.
Откриено е дека и секој пат кога го напуштала хотелот во Порт Даглас каде што престојувала, на околу еден час возење од Кернс, Ким ги користела излезите на персоналот за да не ја видат другите гости на хотелот. Таа, исто така, прибегнувала кон трикови како користење на автомобили мамки за да ги избегне фотографите.

Филмот што Дејвидсон го прави е акциона комедија која ги следи подвизите на двајца не толку паметни менаџери на барови на плажа, кои ги играат Дејвидсон и Франц Роговски, кои запаѓаат во неволја кога ќе налетаат на пленот од голем грабеж. Снимањето треба да продолжи уште неколку недели.

Бизарно: Ким го „извадила“ задникот и ослабнала 8 килограми за да влезе во прочуениот милионски фустан на Мерилин Монро

ФОТО | Клои ги разоткри: Дали Ким Кардашијан и нејзиното момче Пит имаат фетиш на стапала?

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајрами: Покажавме дека можеме да се носиме со големи екипи, овој тим ќе расте во иднина 

Следно

Масовен помор на риби во чешката река Таја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian