Дани Алвеш си најде нов клуб, од потпис го делат само лекарски прегледи

1 min read

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш на 39 години ја продолжува фудбалската кариера и планира да игра за „кариоките“ на Светското првенство во Катар иако летово си замина од Барселона.

Алвеш веќе си најде нов клуб, мексиканскиот весник „Рекорд“ пишува дека Бразилецот следната сезона ќе игра за екипата на Пумас.

Тоа е клуб кој само две години игра во елитното мексиканска лига, а минатата сезона ја заврши на осмото место. Во новата сезона, Пумас во првите три кола од новата сезона освои пет бода.

Од официјална промоција како играч на Пумас, Алвеш го делат само лекарски прегледи.

Пумас ќе биде седмиот клуб во кариерата на Бразилецот, бидејќи претходно играше за Баија, Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ и Сао Паоло.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: ИРЛ објави продолжение на документарецот „Нечиста крв“ за клиниката „Жан Митрев“

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и многу топло време, температури над 40 степени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian