Белгија го изгласа Договорот за трансфер на затвореници со Иран

1 min read

Белгиските пратеници доцна синоќа дадоа „зелено светло“ за билатерален договор за трансфер на осудени затвореници со Иран, јави дописничката на МИА од Брисел.

Текстот помина со 79 гласа „за“, 41 „против“ и 11 „воздржани“. Причината за значајниот број гласови против и воздржани е што овој договор ќе овозможи трансфер на ирански затвореник во Белгија осуден за подготвување на терористички напад. Станува збор за Асадолах Асиди, поранешен дипломат, осуден лани на 20 години затвор за планирање атентат врз иранската опозиција во егзил во Белгија.

Од друга страна пак со овој Договор се отвора конечно можност за белгискиот државјанин и хуманитарен работник, Оливие Вандекастеле, да биде ослободен од иранскиот затвор и да се врати во Белгија. Вандекастеле беше уапсен на 24 февруари во Техеран.

Дел од опозицијата во Белгија го критикува усвојувањето на овој Договор, пред сѐ во редовите на десничарите, каде се смета дека со ова се отвора можност за „ослободување на терористи“. Поддржувачите на Договорот инсистираат дека е важно да се ослободат белгиските државјани како Вандекастеле кој ќе биде предмет на размена на затвореници со Асиди.

kurir.mk

Претходно

Д-р Мехмедовиќ: Засега нема да има дополнителни превентивни мерки за ковид-19

Следно

Повторно активен пожарот во Словенија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian