Бајрами: Покажавме дека можеме да се носиме со големи екипи, овој тим ќе расте во иднина 

2 mins read

Тренерот на Македонија Ѓорче Петров, Муарем Бајрами изјави дека е презадоволен од прикажаната игра на неговите фудбалери против ЦСКА Софија во првиот натпревар од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции.

Македонија ЃП на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ одигра без голови против бугарскиот тим иако целото второ полувреме го играше со играч помалку по исклучувањето на Лемос.
Бајрами по натпреварот изјави дека неговите фудбалери покажаа дека можат да играат и да се надигруваат со големи екипи.

– Македонија ЃП покажа борбеност, организација и покажавме дека сме спремни за вакви натпревари. Одигравме многу агресивни и добри 45 минути, покажавме дека можеме да се носиме со големи екипи и можам да кажам дека во првиот дел бевме подобар ривал. Црвениот картон ги наруши нашите планови, тешко е со играч помалку. Целевме да ги задржиме почетните 0:0, задоволен сум од прикажаното и резултатот на крајот. Моите момци излегоа во вториот дел и одиграа како што треба. Нашата цел ја исполнивме, а можевме и да победиме. Убеден бев дека ќе одиграме одличен натпревар, противникот беше добро анализиран. Тактички подобро изгледавме на теренот, а сета таа заслуга оди на играчите кои одиграа голем натпревар. Покажавме дека сме подготвени за овој тип натпревари, убеден сум дека нашиот тим ќе расте во иднина. Јас како тренер дојдов со цел, Македонија ЃП да оди ниво погоре и да растеме понатаму. ЦСКА и натаму е фаворит, така и на реваншот. Сепак, имаме почетни 0:0 и одиме да се бориме и во Софија. Еден од нашите подобри играчи нема да игра, меѓутоа среќен сум бидејќи имам и други играчи кои достојно ќе го заменат. Се надевам нема да се почувствува неговиот недостаток. Сефер се пожали на повреда, доби удар и не можеше да продолжи. Се надеваме дека ќе се врати за реваншот. Сепак, повторно ќе нагласам дека играчите кои влегоа од клупата достојно ги заменија – рече Бајрами на прес-конференцијата.

Реванш натпреварот ќе се игра во Софија идниот четврток.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Умерен земјотрес регистриран во Турција

Следно

ФОТО | Келнер откри што јадела Ким Кардашијан за 400 евра: А, и тој се опарил од бакшишот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian